Филипче: Во наредните две-три недели сите да бидеме крајно внимателни, има некакви позитивни придвижувања

704

Има слободен број на кревети, досега во изминатиот период немаше. Има се повеќе термини за тестирање, значи се намалува притисокот. Намален е бројот на тестирања и во државните и во приватните лаборатории, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Интензивно разговаравме изминатите неколку недели со Бугарија, имаме добри вести, а тоа е дека Бугарија како донација ќе оддели одредена количина на вакцини од секоја количина која ќе ја добие за Македонија. Изразив голема благодарност, истакнавме дека оваа криза ја поттикна солидарноста и покажа дека само заеднички можеме да ги решаваме сите предизвици. Таква најава за донација на вакцинит имаме и од Грција и од Полска.

Пред нас следи вообичаено убав период на Новогодишни празници, но ние имаме мнгу тешка година зад нас и верувам дека следната ќе биде многу подобра. Сакам да апелирам да не направиме ништо истата сега се влоши. Апелирам да се празнува одговорно во кругот на семејството со почитување на јасно пропишаните протоколи и мерки. Се покажа дека мерките што ги носевме досега го дадоа резултатот каков што се очекуваше.

Апелирам во следните 2-3 недели сите да бидеме крајно внимателни, има некакви позитивни придивижувања, ќе видиме дали е тоа почеток на крајот на епидемијата и затоа не смееме да ризикуваме уште еден силен бран на епидемијата“, кажа Филипче.