Македонската музичка естрада поради коронавирусот веќе неколку месеци е спречена да има настапи пред публика, реалност со која се соочуваат веќе подолг период.
Непосредниот настап пред публика им е забранет, но не и настапите на телевизија од кои остваруваат контакт преку ТВ екраните, да покажат дека се уште се тука и постојат.
Нова Година и Божиќ не минуваат без новогодишните емисии на телевизиите, а особено учеството на фолк пејачите.

ФОТО:АДРИЈАНА КЕШ/ФЕЈСБУК
Па така, деновиве во студиото на Балкан мјузик ТВ се снимаше новогодишна музичка емисија каде се собраа македонските пејачи меѓу кои: Благоја Груевски,Стојне Николова, Стојановски Благојче, Орде Неделковски, Адријана Ацевска и други.
Освен снимањето, пеењето и дружбата, направија и неколку фотографии за спомен од годината која сите чекаме да ја испратиме, но заедно со коронавирусот.

ФОТО:АДРИЈАНА КЕШ/ФЕЈСБУК
Дамите секако дека привлекуваа повеќе внимание, но во фокусот беше Адријана Кеш облечена во секси црвено фустанче од кое во фокус беше ултра длабокото и бујно деколте кое го засени и она на колешката Стојне.

ФОТО:АДРИЈАНА КЕШ/ИНСТАГРАМ
Иако го променила имиџот и ја скратила косата, деколтето на Адријана го собра целото внимание.