Една тинејџерка во Мароко била киднапирана, а потоа цел месец била измачувана, силувана и жигосана од поголема група на малолетници, открија тамошните медиуми.
17-годишната тинејџерка била киднапирана во местото Олад Аџид во Мароко, по што била одведена во една куќа каде што во текот на еден месец преживеала вистински пекол.
Бухра Абду, основач на здружението „Тахади“ кое што во оваа северноафриканска земја се бори за рамноправност, откри дека несреќната девојка била силувана од 13 малолетници кои што меѓу другото ја гореле со цигари, ја жигосувале, а со апарати од домашна изработка на кожата ѝ истетовирале нацистички симболи и други навреди.
Таа изјавила дека никогаш во животот не видела такво злоставување. Тинејџерката сега поседува психолог поради претрпеното едномесечно злоставување.