Угостителите бараат Владата и Комисијата за заразни болести уште еднаш да ја преиспитаат одлуката за скратување на работното време и да донесат нова препорака со која ќе се врати старото работно време бидејќи, како што велат, сè поочигледно станува групирањето на луѓето на сите други места со исклучок на кафулињата, кафеаните и рестораните.
Угостителите остануваат на ставот дека во објектите во кој се почитуваат предложените протоколи шансите за ширење на Ковид 19 се сведени на минимум. Постојат многу други места каде луѓето можат многу побрзо да се заразат.
Угостителите реагираат дека одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 18 часот не ги спречи граѓаните да се групираат. Секојдневно сè повеќе очигледно станува групирањето на луѓето на сите други места со исклучок на кафулињата, кафеаните и рестораните. Поради тоа, угостителите бараат брза реакција од Комисија за заразни болести за враќање на последното работно време до 21 часот како што тоа го направи Кризниот штаб во соседна Србија, која на угостителите им овозможи работа до 20 часот.
Угостителите остануваат на ставот дека во објектите во кои се почитуваат предложените протоколи шансите за ширење на ковид-19 се сведени на минимум. Постојат многу други места каде луѓето можат многу побрзо да се заразат.
-Очекуваме брза реакција од Комисија за заразни болести која со нова препорака ќе го врати последното работно време затоа што секојдневно сè повеќе очигледно станува групирањето на луѓето на сите други места со исклучок на угостителските објекти. Дури и да не реагира Комисијата за заразни болести, Владата може да ја исправи неправдата што ја направи спрема угостителите со што би ја укинала одлуката за последните рестриктивни мерки за скратување на работното време до 18 часот или ќе донесе одлука до крајот на годината за надомест на загубите и штетите што им ги нанесе на угостителите, вели за ВЕЧЕР претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.
Во однос на Иницијативата за оценување на уставноста на одлуката на Владата со која се ограничува работата на угостителските објекти до 18 часот и од 18 декември до 21 јануари се забранува во нив да се организираат новогодишни пречеци, сè уште нема никаков одговор. Од НУК велат дека немаат добиено никаква повратна информација од Уставен суд за тоа дали предметот е процесиран и дали истиот е разгледан или ќе биде разгледан до крајот на годината.
-Со поднесената иницијатива поднесена е и времена мерка за која се надеваме дека ќе биде разгледана и одлучено со што би се ставиле во мирување донесената Владина измена и одлука за последните рестриктивни мерки за угостителите, додава Јосифовски.
Туристичко-угостителската комора во повеќе наврати повеќе пати укажаа на фактот дека угостителските објекти не се корона жаришта и побараа од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да ги презентираат епидемиолошки анализи. Ваквите анализи кои досега не се презентирани, според ТУК ќе покажат дали угостителството е поголема причина за ширење на заразата, отколку некои други сектори како меѓуградски и градски транспорт, работа на шалтери, работа во големи работни колективи, партиски активности.
Според угостителите трошоците и загубите на угостителскиот сектор од оваа одлука ќе бидат меѓу 18 и 22 милиони евра, за кои ќе побараат од Владата да им бидат обесштетени.