Познат е фактот дека животот во Њујорк е многу скап. Не само што становите се изнајмуваат по безобразно високи цени, туку и самиот животен стандард е поскап отколку во другите градови, како што е храната и останатите потрепштини.
За да се изборат со тоа, многу Њујорчани се приморани да ги гледаат работите на поинаков начин. Тие смислуваат уникатни начини како да живеат во градот, а да немаат толкави трошоци.
Фелис Коен го пронашла најиновативниот начин за живот во Њујорк, а сигурни сме дека никогаш не сте виделе нешто слично на нејзиниот метод.
Коен живее на Апер Вест во Њујорк и се наоѓа на само неколку чекори од најголемите атракции, како што е Централ парк и Линколн центар. Од ваквиот опис, веројатно претпоставувате дека таа плаќа многу висока цена за кирија. Сепак, таа плаќа само 700 долари месечно за нејзината соба. Да, тоа за нас е многу, но за Њујорк е многу евтино.
Сепак, Фелис морала да се откаже од некои работи… Таа живее во стан од само 8 квадратни метри! Тоа веројатно не е поголемо ни од вашата детска соба, но Коен некако успеала целиот свој живот да го стави во оваа супер мала соба.
Таа е професионален организатор така што овој начин на живот е сосема нормална работа за неа.
Погледнете: