МВР ја презентираше телефонската линија, преку која ќе може да ги пријавите луѓето, кои не ги почитуваат мерките за заштита.
„Групирање на повеќе од четири лица е забрането. Ако требало да се овозможи групирање, во одлуката би стоело – освен ако имаат негативни тестови. Да не се изложуваат граѓаните на трошоци за тестови и да мислат дека така ќе може да слават во големи групи. Ќе повторам, секое собирање над четири лица е казниво. Ние имаме оперативен план и голем број служебеници ќе бидат активирани низ сите градови, сите туристички центри, таму каде што имаме концентрација на луѓе, онаму каде има викендици. – изјави Спасовски.