Хрватска – Куче се уште верно ја чува куќата на стопанот која беше срушена до темел

568

Во земјотресот во Хрватска многу куќи беа срамнети со земја, многу луѓе останаа без ништо, а досега седум лица им подлегнаа на повредите од земјотресот. Има и многу повредени.

Луѓето ги напуштија своите урнати куќи, а камерите на Н1 снимија и куче, како седи покрај урнатините на куќата во Мајске Полјане која тој секогаш ја чувал, а веќе ја нема.

„Тој и понатаму ја чува куќата што ја нема…“ стои во емотивната твитер-објава на Ивана Драгичевиќ која ја обиколи Балканот.