Утринскиот дожд предизвика поплава во Драчево

1160

Дождот кој утринава врнеше во Скопје направи големи проблеми во населбата Драчево, каде според фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи, може да се види една улица која е целосно поплавена.

 

Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат дали треба да пливаат за да пристигнат на работа и да ја започнат работната недела.

Во објавите тие бараат реакција од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, порачувајќи му дека не е прв пат да биде ваква состојбата на оваа улица, а решавање на проблемот од страна на општината се уште нема.

-Филип, доколку не дојдеш денеска да видиш што ти се случува во општината, ќе дојдам јас во твојата барака, пишува во една од објавите на Фејсбук.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИТЕ ВЕСТИ ОД СКОПЈЕ