„Ќe ти ја исечaм глaвaтa, ќе тe фpлaм во киселинa“: Дpaмa во автобус нa ЈСП, нападнати патници

987

Вистинска драма пред новогодишните празници се случувала во еден од автобусите на ЈСП откако жена во години замолила двајца патниците да ги стават маските преку уста и нос, соогласно мерките кои ги донесе Владата и градските власти за возење во јавен превоз.

На ова тие почнуваат насилно да се однесуваат, а еден од нив се заканува дека ќе сече глави и ќе ги става мртвите тела во киселина. Ваквата реакција ја евидентирала патничка во автобусот, а видеото е споделено на социјалните мрежи.

Делот кога двете момчиња физички ја напаѓаат госпоѓата која ги замолила да стават маски не е снимен, а на крај нападната е самата девојката што ги снима.