До инауграцијата на Џо Бајден за нов американски претседател, што автоматски значи повлекување и заминување на Доналд Трамп од Белата куќа, останаа само неколку часа.
Веќе е познато дека семејството Трамп нема да присуствува на заклетвата на 46-от американски претседател затоа што имаат намера да го напуштат Вашингтон во раните утрински часови, а единствената која што моментално не може да ја сокрие среќата од своето лице е помладата ќерка на Трамп од бракот со Марлон Мајплс, Тифани Трамп.
И додека поголемиот дел од членовите на семејството Трамп се „во жалост“ затоа што за неколку часа ќе мора да ги напуштат домовите во Вашингтон, како и Белата куќа, Тифани Трамп има многу причини за славење.
На денот кога нејзиниот татко ќе ја заврши својата последна должност како американски претседател, таа на социјалната мрежа Инстаграм објави дека се верила со своето четири години помладо момче, милијардерот Мајкл Булос.
„Отфрлената ќерка“ на Трамп која што ја доби во бракот со Марлон Мејплс и која што никогаш го немаше статусот како останатите деца на Трамп, објави фотографија на која што со својот вереник позира во Белата куќа – и двајцата елегантно облечени и извести дека се вери.
Имено, не е непознато дека Доналд Трамп со својата помлада ќерка нема изграден однос на релација татко-ќерка.
„Беше голема чест да се слават многу историски прослави и да создавам спомени со моето семејство тука во Белата куќа, а најубав од сите спомени ќе биде мојата веридба со неверојатниот човек Мајкл“, напишала Тифани Трамп покрај фотографијата.
https://www.instagram.com/p/CKO_gQdBSce/?utm_source=ig_embed