Како што знаеме, на социјалните мрежи постојно се споделуваат видеа кои што ја покажуваат (не)културата на македонските граѓани.
Во видео кое што било објавено на социјалната мрежа Твитер е од Скопје, може да се забележи како маж со охридски регистерски таблиќки, кој што е во поодминати години, со својот автомобил застанува пред зграда.
На снимката е видливо дека на местото каде што застанува мажот моментално се поставуваат бекатон плочки со кои што се уредува тротоарот пред зградата.
Но, тој среде бел ден, излегува од својот автомобил и започнува да си става од бекатонките во својот багажник, па откако ќе си земе колку што му треба, влегува во автомобилот и си заминува.
Погледнете го видеото:
Шо клептомани ќе да бевте бре! Едните цвеќиња крадат овој бекатонки 🤦🏽♀️. Шо школо ќе му дајш на внуците бе вампиру? Да го направиме славен дедово. pic.twitter.com/j0ddq6Kqac
— Приказна (@Prikazna1) January 24, 2021