Некогашната македонска водителка Хелена Роза веќе неколку години заедно со своето семејство живее во Нов Зеланд.
Иако не е активна на ТВ екраните како водител, таа често е активна на социјалните мрежи каде знае да објави по некоја фотка и да покаже како го поминува времето, што прави…
Така, овој пат некогашнато познато ТВ лице покажа како ужива на плажа среде јануари.
Имено, додека во Македонија и регионот владеат ниски температури, а и познатите заминаа некаде на зимување и да уживаат во снегот бидејќи во главниот град го нема, Хелена Роза полни батерии на плажа.
Со оглед на тоа што во Нов Зеланд владее лето и високи температури, екс водителката се „раскомоти“ под сонце.
Имено, таа позираше во бикини, а во прв план ги истури нејзините бујни гради.
Во описот на фотографијата додаде дека температурата е 23 степени Целзусови, а Хелена во вакво разголено издание ја подгреа температуратата на социјалните мрежи.
Љубителите на топлото време сигурно ќе и позадиват на водителката.