„Како да не е истата личност, одвај ја препознавме“: На прв поглед тешко е да погодите за кој станува збор

634

Деми Мур со својата појава ги изненадила сите – кога прошетала по модната писта во текот на париската модна недела.

Актерката Деми Мур пред неколку денови пристигнала во Франција заедно со својата ќерка Скаут Вилис за да ја следи париската модна недела, а токму таа била една од моделите кои што се појавиле на модната писта во средата.

Таа носела црна сатенска блуза и долго здолниште кое што јасно ја оцртувало нејзината фигура на тело. Комбинацијата го нагласила и нејзиното деколте, а со накитот кој што го избрала дала посебен печат на елегентно издание во кое што прошетала по пистата.

Но, денеска повеќе се зборува за нејзиното лице затоа што многумина на прв поглед не ја препознале, па веднаш почнале шпекулациите за пластичните операции.

Имено, јаболчниците на Деми изгледаат целосно поразлично од вообичаено, а многумина не веруваат дека тоа е резултат на лошата шминка туку дека станува збор за операции.

На социјалните мрежи веднаш се покрена дебата за Деми.

„Да не го видев насловот, не би ја препознала Деми“, „Лицето не ѝ изгледа нормално, не можам да одлучам дали станува збор за шминка или пак пластична операција“, „Деми била на пластична операција“, „Беше толку прекрасна, а сега целосно се променила“, се само некои од коментарите на нејзините обожаватели на Твитер.

На 58-годишната Деми ова не ѝ е првпат да заплови во манекенските води. Неодамна исто така се појавила и во модната линија на Ријана, за долна облека – „Savage X Fenty“.