Шон Вајс одбележа една година трезност, по зависноста од метамфетаминот, a сега изгледа непрепознатливо на новите фотографии.
Актерот на многумина им е најпознат по улогата во филмот „The Mighty Ducks“, а тој сега една година е чист од дрога, откако во последните неколку години тој повеќе пати беше уапсен.
Вајс во 1992 година беше ѕвезда во филмот на Дизни, а исто така глумеше и во серијата „Freaks and Geeks“.
Во 2017 година беше осуден на 150 дена затвор поради кражба, но бил пуштен по 12 дена, пренесува „The Sun“. Но, само пет дена подоцна бил уапсен поради поседување на метамфетамин.
Во тоа време актерот на социјалната мрежа Фејсбук споделил како „чувствува дека го допрел дното и дека нема никакви финансии, но и дека животот му е во непосредна опасност“.
Последен пат тој бил уапсен минатата година откако бил уловен во текот на провала под дејство на метамфетамин.
Лани тој заминал на рехабилитација, а откако почна пандемијата на коронавирусот се наоѓа на лечење во Калифорнија и овие денови го одбележа 365-от ден без дрога.
„Тој дефинитивно е виновен за многу од работите кои што ги прави“, изјавил неговиот пријател за „People“, па додал:
„Но, кога ќе поминете подолго време со него, би имале повеќе сочувство и разбирање за тоа што го прави. Тој е болен, ментално болен. Болен е, а поради тоа сите се откажуваат од него“.
„Поради насмевката ‘живна’. Сега повторно почнува да се покажува јавно“.