Данските ракометари го преземаа водството од самиот почеток и го одржуваа до средината на полувремето, кога додадоа гас и заминаа на четири голови предност (11-7), но Шпанците успеаа да намалат на 16-18 на полувреме.
Во вториот дел Данска ја одржуваше предноста од четири голови, но Шпанија неколку пати намали на еден гол негатива, по што во самиот финиш се случуваше вистинска драма на теренот. Сепак, Данска успеа да постигне гол во последниот напад и ги постави конечните 35-33.
Микел Хансен беше најдобар кај Данска со 12 постигнати голови, додека Даниел Душебаев постигна седум погодоци.
За трето место ќе се борат екипите на Франција и Шпанија в недела од 14.30 часот, додека финалето е на програмата од 17.30 часот.