Нови 306 работодавачи добиле државни пари, а не исплатиле плата

540
Ниту заканите за казни, не ги уплашија фирмите. Повторно над 300 од нив ја злоупотребиле државната помош за плати.

УЈП информираше дека над 13 илјади компании во декмеври зеле државна помош за над 60 илјади работници во декември, а од нив 306 фирми не ја поделиле платата и се соочиле со опомени, а по истекот на рокот за нив ќе следи и присилна наплата. Најголем дел од фирмите се од Скопје, потоа следи Тетово, па Гостивар.

„76 работодавачи се од дејност трговија на мало и на 145 вработени не исплатиле плата. 44 се од сектор оброци и служење на храна кои на 130 вработени не исплатиле. 26 фирми се од сектор градежништво.“ изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Оние кои не ги исплатиле платите за месеците октомври и ноември во тек е присилна наплата, информираше Лукаревска. За април, мај и јуни пак по присилните наплати бројот на фирми неплаќачи почнал да опаѓа. Вкупно од почеток на мерката па до сега уште 109 фирми не исплатиле плати. Тие се соочија и со кривични пријави, но до сега без никаков епилог. Лукаревска сепак очекува фирмите да одговараат пред законот.

„Сите податоци ги доставуваме до ОЈО кој треба да го направи и епилогот и изрично кажавме нема да отстапиме од тоа секој управител на фирма кој треба да сноси одговорност.“ истакна Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Ваква помош фирмите најверојатно повеќе нема да добиваат. Најавата дека во петтиот пакет оваа мерка ќе се замени со безкаматни кредити, наиде на отпор кај работодавачите. Сепак, каква ќе биде помошта за фирмите, Владата треба да пресече до крајот на оваа недела.

ФИРМИ КОИ СЕ УШТЕ НЕ ИСПЛАТИЛЕ ПЛАТИ:

АПРИЛ МАЈ ЈУНИ

ФИРМИ: 47 33 54

ВРАБОТЕНИ: 102 63 145