Facebook повторно ја менува својата политика и најави неколку мерки за борба против дезинформациите за вакцините, вклучително и отежнато пронаоѓање на налози на Instagram, со кои се обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат.

Facebook вчера соопшти дека ќе ги интензивира напорите за отстранување на лажните тврдења на својата платформа и на Instagram за COVID-19, за вакцините против коронавирусот и генерално за вакцините.
Исто така социјалната мрежа најави дека во својот „Информативен центар COVID-19“ ќе почне да објавува линкови до локалните здравствени интернEт страници со цел да им помогне на корисниците да утврдат дали ги исполнуваат условите за вакцина и како можат да ја добијат.
Најавата на Facebook уследи еден ден откако CNN Business објави дека Instagram продолжува да ги прикажува налозите на антиваксерите во пребарувањето, а исто така лесно можат да се најдат Facebook групите кои се против вакцините. Тоа предизвика загриженост помеѓу американските експерти за јавно здравје, со оглед на тоа дека во САД се спроведува имунизација како дел од мерките за сузбивање на пандемијата со COVID-19.