Снегот не „изненади„ среде февруари… Најмногу скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Политички лидер на партијата и нејзините членови, професор на факултет на неговите студенти, ама и граѓанин за пример, Мицкоски тргна да го расчисти снегот, каде ако не најпрвин од сопствениот двор, од пред куќа.
Професорот ги остави настрана пенкалото и компјутерот, па ги засука ракавите, Мицкоски покажа дека не му е срам да се фати за лопатата. Вредно, уредно, одговорно, домаќински си ја расчисти најпрвин својата авлија, а потоа и она што е дел од тротоарот и улицата пред неговата капија и куќа.