Кинески супер-војници на специјална задача: Поставени на спорната граница, еве што им дава дополнителна сила

665

Иако Пекинг можеби веќе создал супер-војници преку биолошки напредок, не е јасно до каде стигнале кинеските воени истражувачи. Но, тоа што го знаеме е дека кинеската војска веќе поставила трупи со егзоскелет на тешко оспорената кинеско-индиска граница.

Последните месеци Кина користела строго доверливо оружја на линијата за контрола Ладак, како микробраново оружје против индиските трупи. Можеби спорната граница е полигон за испотување на Народноослободителната војска (PLA).

Според извештајот на “RT”, повикувајќи се на државната кинеска телевизија (CCTV), војниците на PLA биле видени со одела од егзоскелет кои им овозможуваат да извршуваат потешки задачи на голема надморска височина околу Нгари, сместен на Тибет, автономен регион во југозападна Кина. Овие трупи им ги испорачале потребните производи на граничарите во текот на празниците за кинеската Нова година.

На теренските возила обично им се потребни три дена до стигнат до надморска височина од 5.000 метри. Со трупите со егзоскелети, времето на патување е значително намалено.

“CCTV” не открила повеќе информации за егзоскелетот или за издржливоста на оделото. Во минатото Кина прикажувала други видови на егзоскелети, кои работат на батерија и им овозможуваат на трупите да пренесат до 170 килограми.

Кина вложила многу во развојот на супер-војниците, бидејќи американската војска не заостанува многу во оваа технологија.

Егзосклетите за бојното поле повеќе не се научна фантастика, бидејќи дете светски велесили се тркаат да ги распоредат оделата пред следниот судир.