Добил совет од својот брачен советник кој му го променил погледот на светот – па, го основал „Netflix“

464

Пред Рид Хејстингс во 1998 година да го основа „Netflix“, совладал непроценлива лекција која што му помогнала да ја основа компанијата која што денеска вреди околу 226 милијарди долари.

Имено, основачот на таа компанија смета дека искреноста е најдобрата политика, па дури и тогаш кога е непријатна.

Оваа лекција Хејстингс ја научил на многу необичен начин – од својот брачен советник.

„Некогаш имав прекрасен однос со мојот брачен советник. Ме наведе да увидам колку многу лажам“, изјавил Хејстингс кој што е во брак од 1991 година.

„Кажував вообичаени работи, како ‘семејството е најважно’, а многу често се случуваше да останам до доцна на работа. Советникот ми помогна затоа што ми докажа дека воопшто не сум бил искрен“.

Како што навел тој, од својот брачен советник научил дека без оглед колку е тешко, за да стекнете доверба во другите, од витално значење е да ги признаете вашите грешки.

На овој успешен претприемач лекциите кои што ги добил од својот брачен советник, а кои што се однесувале на брачните проблеми го научиле дека „целосната посветеност на вистината е единствениот начин за градење на една компанија“.

Поради тоа, тоа што го научил од својот брачен советник го применил и на работа. Го базирал раководењето и издигнувањето на „Netflix“ на – вистината.

„Сега, секојпат кога ќе почувствувам дека грешам, за тоа зборувам јавно и често. Тоа ги поттикнува вработените да размислуваат дека ‘правењето грешки е нормално’, што ќе ги охрабри вработените да го преземат ризикот кога успехот не е сигурен, а тоа ќе доведе до поголеми иновации во компанијата“, објаснил тој.

Откако ситуацијата со коронавирусот е актуелна, Хејстингс неретко одржува онлајн состаноци на кои што вработените си кажуваат едни на други за тоа што имале за оброк во текот на денот.