Јованка беше пратена од ОЗНА да ја пробува храната пред да јаде Тито за да провери дали е затруена: Така се роди нивната љубов

550

Како докажан кадар, по војната извесно време работела во главниот штаб на Југословенската армија во Белград, потоа во Ниш, а пред крајот на 1945 година, по наредба на Озна, била задолжена за управување со кабинетот на Маршалот на Југославија.

Таа исто така имала одредено искуство во водење на домаќинството, бидејќи во младоста и помагала на роднина што управувала со хотел.

Сепак, најголема квалификација и беше партизанското искуство (носител на партизанска споменица во 1941 година) и дека е посветена на партијата и на нејзиниот шеф. Практично таа му припаѓаше на личната гарда на Тито, која беше организирана според моделот на стражата на Сталин, но и на гардата на кралот Александар. Секогаш доаѓала на работа во униформа, во тешки воени чизми и со титовка на главата.

Како се запознаа Јованка и Тито? Според една приказна, која Јосип Копиниќ му ја раскажал на Владимир Дедијер, а која Јоже Пирјевец ја објавува во книгата Тито и другарите, токму Александар Ранковиќ бил најзаслужен за идниот брак.

Меѓутоа, постои уште едно размислување дека Тито со Јованка го запознал соработникот на НКВД, Иво Крајачиќ Стево, кој на тој начин ја зацврстил, како што пишува Пирјевец, својата позиција на дворот. Крајачиќ ја испрати Јованка во Москва, каде што девет месеци ја посетуваше разузнавачката академија Ф. Е. Держински, а кога се врати, Стево веднаш ја назначи за домаќинка на Тито, за Советите да бидат сигурни дека во близината на Броз имаат лице од најголема доверба.

Тие ја криеја врската некое време, па шест години вистинската природа на нејзината улога беше практично непозната. Таа речиси и да немаше приватен живот, а според членовите на Политбирото, таа секогаш била пристојна. Понекогаш премногу. Се случувало нејзините пријатели да ја принудат да ја проба храната што таа лично ја подготвила за Тито, за да се осигураат дека не е отруена. Но, таа беше толку за заљубена во Тито, што дури и тоа не и пречеше.

Според Јоже Пирјевец во книгата Тито и неговите другари, Јосип Броз бил заљубен во неа, па затоа во зимата 1947 година, додека таа се лекувала во Голник кај Крањ (Даворјанка Пауновиќ починала таму само година и пол порано, во истиот санаториум) тој и испраќаше љубовни писма и букети црвени рози секој ден. Иако не беа во официјална врска, Јованка веќе започна да се однесува како прва дама.

Во април 1952 година, нивната врска конечно беше официјализирана: прво, како што се правеше тогаш, на партиски состанок, а потоа и пред матичар.

Свадбата не беше ништо посебно. Јованка носеше венчаница што Пепца Кардељ ја избра лично. Празничниот ручек се одржа во стариот замок Дунавка кај Илок, среде лозја и ловишта со поглед на Фрушка Гора. Гостите на свадбата беа претежно комунистички лидери, а забавата се претвори во вистинска пијанка.