Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, рече дека автоматските пушки се наменети за лесната пешадија и дека донацијата е уште еден доказ за американско-македонската долготрајна одбранбена соработка.
„Вашата земја не треба да е само подготвена и активна како најнова сојузничка во НАТО, туку да биде добро позиционирана и да соработува со нашите сили“, наведе Брнз.
„Целта на оваа донација е интероперабилноста. Двете армии да можат полесно меѓусебно да се помогнат, што е обврска кога се оди на заеднички вежби и операции“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.