NBA колумна на Димитар Младеновски-Историска вечер на Џејмс Харден (ВИДЕО)

600

Од синоќешната NBA програма го издвојуваме дуелот помеѓу Сан Антониo Спарс и Бруклин Нетс.Во неизвесен меч во кој беа потребни дополнителни 5 минути игра за да се реши победникот, гостинскиот тим успеа да извојува значајна и апсолутно заслужена победа. Џејмс Харден имаше историска претстава. Успеа да постигне трипл-дабл ефект сочинет од 30 поени, 14 скокови и 15 асистенции. Најимпресивно делува податокот што Харден е првиот играч во историјата на NBA што имал ефект од над 30 поени и 15 успешни додавања а притоа да нема загубено ниедна топка.Откако најсилната лига во Светот ја води оваа статистика (1977-1978) ова претставува прв случај на играч да има ваква маестрална партија без ниедна грешка. Со новата победа, “нетси” имаат идентични 23 победи како и лидерот на Истокот, тимот на Филаделфија 76ерс.

NBA FAN

Димитар Младеновски