Грчкиот министер за турзам, Харис Теохарис ги повикал луѓето од цел свет летото да го поминат на одмор во Грција, истакнувајќи го слоганот на земјата – „Сè што сакаш е Грција“.
„Сега и засекогаш сè што сакате е Грција. Да ја вратите насмевката на лицето, со надеж дека ќе ги вратите вашите животи, единствената работа која ја сакате е Грција“, рекол Теохарис во обраќањето на меѓународниот саем за патувања „ITB Berlin 2021“, кој оваа година се одвива онлајн.

Тој рекол дека Грција се надева, ако епидемиолошките услови го дозолат тоа, да се отворат вратите за туризмот до 14-ти мај.
Како што објаснил, дотогаш ќе биде направено пилот отворање, веројатно на почетокот на април, со земјите од ЕУ и земјите кои се многу понапред во вакцинација како Израел.

Обраќајќи им се на потенцијалните посетители, Теохарис истакнал дека Грција е подготвена да ги дочека со сеопфатен протокол за лето 2021-ва година, под услов да исполнат еден од трите услови – или да се вакцинирани или да имаат антитела или негативен тест на Ковид-19.