Во големата акција во која беа лишени од слобода Веља Невоља и неговите соработници, беше приведена и неговата бремена сопруга, откако полицијата во нивниот стан пронајде 60.000 евра.
Извор близок на истрагата верува дека токму таа може да биде клучниот сведок и да им помогне на властите, да дојдат до нови поцврсти докази за монструозните дела кои му се препишуваат на Вељко Беливук.
Јавноста малку знае за неа. Никогаш не се експонирала во медиумите, а на социјалните мрежи не може да се најде ниту една фотографија на која е заедно со сопругот.
Сепак, познато е дека кога во 2017 година на Невоља му се судеше за убиството на Властимир Милошевиќ, таа присуствуваше на секое рочиште. Кога Беливук доби ослободителна пресуда, таа буквално скокаше и плачеше во ходникот на Палатата на правдата, пишуваат српските медиуми.
Беливук сега е осомничен за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.