Шлепер од објектот кој се гради до Тутунска Банка на Улицата Св. Климент Охридски, пробувајки да сврти удрил во дрвото поради што тоа паднало врз кола која случајно се нашла на местото и ја скршило шофершајбната.
Директорот на Паркови и Зеленило информираше дека нивните екипи веќе работат на расчистување на коловозот, а инспекциски служби од Градот и од МВР се на лице место и работат на расчистување на случајот.
Од Градот велат дека инспектори на терен ќе ја утврдат состојбата, по што ќе следуваат казни за сторителите.