Почетна Македонија Јавноста се дигна околу евровизискиот спот на Гарванлиев: има бугарско знаме, а...

Јавноста се дигна околу евровизискиот спот на Гарванлиев: има бугарско знаме, а нема Македонско

1025

Васил Гарванлиев е пејачот кој ќе си ја проба среќата на овогодинешната Евровизија во Ротердам, Холандија, а песната е со наслов „Here i stand“. И се ќе беше супер и ќе одеше као подмачкано (бидејќи за квалитетот и наклонетста кон композицијата, не се дискутира и секогаш ќе има за и против) за истата да не е снимен спот во кој во еден кадар се забележуваат боите кои потсетуваат на бугарското знаме, што за домашната јавност во овој сензитивен период е во истовреме и шокантно и скандалозно.

Во еден од кадрите, кој трае околу пет секунди, во позадината на струмичанецот се појавуваат боите на бугарското знаме односно белата, зелената и црвената вертикално поставени на ѕид. Ова целосно кореспондира со боите на знамето на нашиот источен сосед, разликата е само во тоа што во официјалниот симбол, односно бугарското знаме истите се по хоризонтален редослед.

Интересно е дека освен оваа асоцијација на нашиот сосед, во ниту еден кадар од видеото нема асоцијација дека Васил е македонски претставник – што е навистина чудно, оти нели Евровизија е музички натпревар, но истиот не се користи за промоција не само на пејачот, туку на земјата бидејќи токму таа го испраќа да ги брани нејзините бои.

Ниту циглите во позадина, а богами ни вазните, сламата и солзите на Васил не се асоцијација за земјата од која доаѓа. НИКАКО! 

Автор на музика и текстот е самиот Васил, а аранжманот и продукцијата се дело на Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Музиката за песната се снимаше во студиото „Фејмс“ во Скопје, со оркестар во живо, под диригентската палка на Олег Кондратенко.

Еве го спорниот спот:

Кадрите за видеото, пак, се снимени на повеќе локации, односно во студиото „Фејмс“, во Даут Пашин Амам во Скопје, а во спотот се прикажуваат и кадри од Културниот центар во Чикаго, каде Васил поминувал многу време како член на Детскиот хор од овој град.

Само што на соседиве другари знамето им е хоризонтално, но со истите бои.
Иначе оваа тробојка е во македонскиот спот за…