Зошто вакцината АстраЗенека беше суспендирана!?

650

Милиони луѓе ширум светот досега примиле вакцина против корона без никакви индикации дека тоа може да биде причина за згрутчување на крвта. Сепак, по неколку случаи на оние кои добиле негативни симптоми, некои европски земји како Данска, Норвешка, Исланд, Естонија, Летонија, Литванија, Асутрија, Луксембург, Италија, Романија ја прекинаа вакцинацијата со вакцината Оксфорд.

Во Данска, 60-годишна жена почина од згрутчување на крвта откако прими вакцина АстраЗенека, па вакцинацијата беше привремено запрена, од контингентот наречен ABV2856.

Исто така, неколку пациенти развиле тромби по примањето на вакцината, пренесува Дојче веле, па Данска престанала да користи вакцина АстраЗенека 14 дена. Во Данска, вакцината на АстраЗенека досега ја прими околу 142.000 луѓе.

Норвешка, Ирска, Италија и Романија ја следеа оваа земј и ја паузираа вакцинацијата.

Имено, италијанската агенција за лекови (АИФА) превентивно одлучи да ја прекине администрацијата на вакцината АстраЗенека од спорниот контингент АБВ2856 по смртта на двајца мажи кои добија доза од оваа испорака. Во тој контингент имало 249.600 дози, а АИФА додаде дека досега не е утврдена никаква врска помеѓу вакцината и смртните случаи.

Зад сето тоа е загриженоста дека вакцината го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, и покрај верувањето дека се преземени сите мерки на претпазливост и дека вакцинацијата и згрутчувањето на крвта никогаш не можат да бидат поврзани.

Исто така, сето ова се случува и покрај фактот дека во други земји немаше сомнителни случаи откако милиони луѓе беа вакцинирани. Податоците покажуваат дека вакцината е безбедна и ефикасна, особено во најважната работа – да се спречат тешки форми на болести и смрт. Затоа е достапна во многу земји низ светот, вклучувајќи ја и нашата, и луѓето се вакцинираат со него.

До средата беа пријавени 30 случаи на тромби кај околу пет милиони вакцинирани во Европската унија и скоро еден милион во други европски земји. Затоа, Европската агенција за лекови вчера објави дека важноста на вакцината надминува каков било ризик.

Покрај тоа, ЕМА вели дека нема информации дека вакцината АстраЗенека ги предизвикала условите за кои се разговарало во последните денови.