Македонија вложува во меѓународните проекти Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос. Повеќе нема да бидеме краен корисник на природен гас од само еден извор, туку Македонија ќе биде важна транзитна рута за природен гас во цела Југоисточна Европа преку новите гасоводни интерконекции со нашите соседи, сподели премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.
На 53-тата седница вчера беше усвоена потребата за потпишување меморандуми за соработка за овие два проекти.
Станува збор за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.“ за стекнување на 25% удел во „Александрополис Електрисити Продукшн С.А.“.