За време на одбележувањето на јубилејот 40 години од формирањето на специјалната полициска антитерористичка единица „Тигри“, на која присуствуваа премиерот Зоран Заев беа поставени и нови симболи на единицата.
На поставените симболи, амблеми и знамето на единицата, може да се забележи дека од амблемот е исфрлено името на државата односно зборот Македонија.
Исфрлањето на зборот Македонија е направено во рамки на преименувањето на единицата, чие име е променето од Единицата за специјални задачи „Тигар“во Специјална антитерористичка единица „Тигар“.