Ова куче не може да си помогне кога ќе ја слушне својата омилена песна

1019

Преслатката видео снимка станала вирална, а Сид ги воодушевила луѓето со својот талент.

Иако сите кучиња се посебни, некои може да се пофалат со необични таленти. Меѓу нив е и Сид. Таа е талентирана пејачка, а кога ќе ја слушне својата омилен песна, со сопствникот Крис Петерсон пее во дует.

Крис и Сид често возат заедно, а токму тие моменти се идеални да запеат.

Крис ја пушта нејзината омилена песна, а таа веќе на првите тактови сфаќа за што станува збор. Крис почнува да пее, а брзо му се приклучува и Сид.

Го пушта својот глас, ја крева главата, имитира пеење и го погодува секој тон.

Преслатката видео снимка станала вирална, а Сид ги воодушевила луѓето со својот талент.

“Најслатка работа во историјата”, “Каков прекрасен и неверојатен глас”, “Не можам да престанам да гледам”, се само некои од коментарите на YouTube.