Пратеникот од Германија, производите од Македонија, базирани на канабис ќе ги извезува во Германија?

552

Германскиот пратеник кој поднесе оставка, поради лобирање за Груевски, Зех е на чело на Управниот одбор на компанијата „ФармКан“ (PharmCann Deutschland AG). Оваа компанија се поврзува со одгледување на канабис во Северна Македонија за медицински цели.

Партнер на Зех во Скопје му е Златко Кесковски, поранешен заменик-директор на УБК и шеф на обезбедувањето на експретседателот Борис Трајковски. Кесковски е шеф на Надзорниот одбор на „ФармКан Германија“, и има лиценца за одгледување канабис во Северна Македонија. Целта е да се „изгради продажна мрежа за Германија“, вели Зех.

Го контактиравме и Кесковски во врска со оваа соработка.

„Соработката започна со комуникацијата помеѓу Pharmacann International BV и Beceptum Intеrnational GmbH во вториот квартал на 2019 и од тој период до денес се во нормални бизнис релации во однос на надлежностите на г-динот Зех како Менаџер директор, а г-динот Кесковски како Претседател на Надзорен одбор на PharmCann Deutschland AG“, велат од Фармакан Интернешнл.

PharmCann Deutschland AG е дел од групацијата Pharmacann International BV со седиште во Варшава, Полска, каде Извршен директор е г-дин Златко Кесковски.  Групацијата  Pharmacann International BV има свои лиценцирани компании во Полска, Германија, Хрватска, Бразил, Македонија, Узбекистан.

Во тек е постапка за отварање на нов производен капацитет во Грција и нова компанија за дистрибуција во Украина.

Во вториот квартал од 2019 година, Pharmacann International BV воспоставиле комуникација со Beceptum Intеrnational GmbH (https://www.beceptum.com) со седиште во Минхен, Германија, со цел воспоставување на дистрибутивна мрежа на своите фармацевтски производи базирани на канабис на германскиот пазар.

Поради комплексните и строги регулативи за пласирање на фармацевтски производи во Германија и ЕУ, процесот започнал во 2019 година. PharmCann Deutschland AG има добиено германска лиценца за големопродажба, како и лиценца за производство, што се применува за ЕУ. Планираат да  да ги понудат првите производи во Германија оваа година.

Извор: tv21.mk