Англиски туристи по грешка прошетале низ дворот на Генералштабот во Скопје

3818

Вчеравечер во 21:39 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Генералштабот на Армијата на ул.„Орце Николов“ биле забележени и задржани двајца странски државјани.

Тие биле приведени во Полициска станица Центар и било утврдено дека се работи за Ј.С.Х.(28) и O.J.Х.(33), двајцата државјани на Англија. Во разговор со полициски службеници изјавиле дека се обиделе да го скратат патот до хотелот каде биле сместени и не знаеле дека влегле во објект во кој не смеат да се движат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.