Српскиот тренер Синиша Михајловиќ открил што му порачал папата Франциско.
Михајловиќ неодамна бил во Ватикан каде што разговарал со папата.
„Тоа беше незаборавно искуство. Папата е паметен и мудар човек кој секогаш е спремен за шега“, изјавил тренерот на Болоња и додал:

„Бев со сопругата и тештата во Ватикан, и кога ги претставив, Папата ми рече: ‘Ти би требало да бидеш светец бидејќи си ја повел тештата со себе’. Папата е како ‘all-around’ играч, универзалец. Може да ја одигра секоја улога. Важно е да е тука каде што е, тој прави разлика во секоја ситуација“, вели Синиша за „Tuttosport“.
Додал и дека религијата му помогнала во борбата со леукемијата и навел дека тоа не му било првпат да почувствува страв во животот. За крај изјавил дека со оваа професија ќе се занимава до 75-та или 80-та година.