Истражување: Дел од луѓето починале од коронавирус бидејќи го имале вирусот во срцето

1050

Три четвртини од оние кои починале од вирусот ковид-19 имале вирус во срцето, според најновото истражување на срцевото ткиво. Според американското научно списание „Science“ жртвите имале абнормални срцеви аритмии пред да починат.

Оваа најнова студија, се вели, нуди увид во тоа како болеста може да го оштети срцето и како одредени третмани можат да помогнат да се спречи фатален исход.

Научниците собраа доволно докази за оштетување на срцето кај пациенти со коронавирус, а докажано е дека кај некои пациенти имало зголемено ниво на тропонин, молекула што се ослободува во крвта кога ќе настане срцево оштетување.

Некои добија воспаление на срцевата кеса што го опкружува срцето, а имаше и воспаление на самото срце, сепак, не е јасно дали овие проблеми биле предизвикани од вирусот корона кој го нападнал срцето директно или сите поради хиперактивен имунолошки одговор .

Студијата е извршена во Општата болница во Масачусетс, на околу 1.000 парчиња срцево ткиво и била извршена на повеќе од 20 примероци од 41 пациент.

Како што се наведува, вирусот коронавирус е присутен во 30 срца.