Случај „Меѓународен сојуз“, сведокот: Мила Царовска ме прати кај Боки 13

683

Пензионерката Лилјана Тодоровска од Скопје како сведок денеска раскажа во судница како ѝ легнале на сметка 730 илјади евра од битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски за изградба на старски домови преку Меѓународниот сојуз на Боки 13. Таа била автор на проектот. Го презентирала и на владата на Никола Груевски. Но, проектот тогаш не заживеал. Во 2017 – та идејата ѝ ја покажала на тогашната министерка за труд од СДСМ, Мила Царовска.

Но, Царовска ѝ рекла идејата да ја однесе во Меѓународен сојуз. Така и направила. Го презентирала проектот. Потпишала договор, но ѝ било дадено да го види само последниот лист и Боки 13 и ветил 54 илјади евра хонорар.

Но, Тодоровска тврди, пари не добила. Дури била викната во Финансиската полиција и во Обвинителството откако на сметка ѝ легнале над 700 илјади евра од бизнисменот, а парите биле замрзнати. Институциите не нашле проблем, а дека сè ќе биде во ред во просториите на Меѓународен сојуз ја тешел Александар Кирацовски, поранешниот генерален секретар на СДСМ.