Најавата за покачување на даноците за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е директен удар врз најсиромашните.
Се задолжија милијарди, а сега народот треба да ја плаќа нивната неспособност и криминалии, реагира преску социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако вчера министерот за финансии Фатмир Бесими најави зголемување на данокот на додадена вредност и персоналецот.
Ова е план на Заев и Бесими да му ја одерат кожата на народот. Одете си, секој ден поминат во тие фотелји е на штета на државата и народот, пишува во својата реакција Мицкоски.