Детали за полициската акција во Грчец и Гази Баба. Русковска: Имаме докази, истрагата траеше една година

1010

Утрово полициска акција се спроведе во Грчез и во Гази Баба, во која се уапсени повеќе од 20 лица. Полицијата врши претрес на повеќе локации, по сомневања за трговија со дрога.

Запленети се дрога, пари, автомобили. Уапсените се на распит во неколку полициски станици, односно најголем дел во полициската станица Карпош и во полициската станица Бит Пазар.

Според Обвинителството, истрагата трае една година, а обвинителката Вилма Русковска кажа дека не спровеле финансиска истрага, затоа што се плашеле да не пропадне акцијата.

„Ние имаме докази дека овие приведени лица сториле кривично дело недозволена трговија со опојни дроги и прекусори. Не сакавме пред акцијата да спроведеме финансиска истрага, стравувавме да не пропадне целата акција, но од понеделник ве уверувам дека ќе почне и финансиска истрага“, рече Русковска која на прашање дали се вмешани и полициски службеници, одговори:

„Засега нема полициски службеници, но ќе се вршат вештачење и доколку се најде комунијација, сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица“, дополни обвинителката.