Ѕвездата на шоуто „Real Housewives Of Beverly Hills“ – Бренди Гланвил (48) вчераутро се појавила во австралиската емисија „The Morning Show“, а британските медиуми пренесуваат дека никој не ја препознал.
Бренди ја покажала својата затегната, мазна кожа, но и видно зголемените усни, и тоа само неколку месеци откако закрепнала од одредени естетски корекции кои што ги правела.
Атрактивната русокоса претходно признала дека ги има зголемено своите гради.
Да ве потсетиме, таа во 2014 година раскажа дека на „подмладување“ на вагината се одлучила откако се развела од актерот Еди Сибријан, а сето тоа го платила околу 12.000 долари.
„Целосно нова вагина значи вагина без Еди… Одлучив да го направам тоа поради тоа што Еди ја уништи, а тој треба да ја плати новата. На докторот му дадов број од картичката на Еди, без негово знаење“, раскажала тогаш Бренди.
Кога фановите го преиспитале нејзиниот изменет изглед во 2018 година, оваа 48-годишна дама рекла дека истите резултати се неисправно изведени со ласерска постапка на лицето, односно дека добила делумна „парализа на лицето“.
„Сите сакаат да знаат зошто горниот дел од усната не ми се мрда. Имав ласерско отстранување на влакната од лицето, добив изгореници од трет степен. Мојата десна страна од лицето сега не се мрда како левата“, изјавила таа.
Но, истата година познатиот пластичен хирург Френ Агуло истакнал дека смета дека или Бренди закрепнува од големите операции со лифтинг или дека има премногу филери на лицето.