Сателитските снимки најдобро покажуваат каков метеж има пред Суецкиот канал

1065

Прекинот на сообраќајот на Суецкиот канал е најновата во низа неволја која во последниот период го снајде бродскиот транспорт кој веќе е на удар поради пандемијата на коронавирусот.

Додека египетските власти во соработка со приватни компании интензивно работат на одглавување на насуканиот брод, пред Суецкиот канал се направи неверојатен метеж на товарни бродови кои чекаат да го продолжат својот пат.

Сателитските снимки прикажуваат голем број на бродови кои чекаат товарниот брод да биде одглавен и да се нормализира сообраќајот во каналот кој чини 10% од вкупната бродска трговија во светот.

Швајцарски “MSC”, втората бродарска компанија во светот за контејнерски превоз на товар соопшти дека блокадата на Суецкиот канал ги погодила сите големи превозници ширум светот.

Според аналитичарите, доколку блокадата не биде решена за еден до два дена, некои бродски компании ќе бидат принудени да ги пренасочат своите бродови околу јужниот брег на Африка, а тоа би го продолжило патот за околу една седмица.