Заев: Можен е договор за одложување на пописот

1028

Пописот на населението, можно е да биде одложен, изјави за Телма премиерот Зоран Заев, пред почетокот на лидерската средба.

Овој договор се очекува на денешната лидерска средба на претседателите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, која ќе се случи во Клубот на пратеници. На средбата покрај пописот ќе се дебатира и за пандемијата, вакцините, како и набавката на апарати за отисок на прст, кои ќе бидат дел од процесот на гласање.