Беше една од најубавите холивудски диви, а пoтоа дознала за опасната болест поради која можела да остане неподвижна – вака изгледа денес

819

Денес оваа некогашна холивудска дива, малкумина можат да ја препознаат.

Славната Кетлин Тарнер беше една од најубавите холивудски ѕвезди во текот на 80-тите, а бројни нејзини филмски остварувања и денес се популарни меѓу публиката.

На почетокот на 90-тите нејзе ѝ бил дијагностициран ревматоиден артритис. Докторите ѝ кажале дека повеќе никогаш нема да може да оди. Таа барала мислење и од други експерти, па на крајот успеала да пронајде терапија која што ја одржувала на нозе, но истата зела данок од други полиња од нејзиниот живот.

Терапијата оставила трага на нејзиното тело поради што кружеа гласини дека актерката станала алкохоличарка.

Кетлин вели дека во тој момент тоа не било точно, но дека подоцна поради големиот притисок навистина започнала да пие алкохол за да ја потисне својата болка.

Во автобиографијата која што ја објавила во 2008 година вели дека почнала да пие поради тоа што „лековите ѝ го поматиле разумот“. Со текот на времето нејзината зависност излегла од контрола, па во 2002 година почнала со процесот на одвикнување.

Таа јавно зборуваше и за врската на нејзиниот изглед и суровиот сексизам на светската сцена на актерите:

„Лута сум поради сè и сешто, поради неправдите во светот. Ревматоидниот артритис се појави во моите доцни 30-ти години кога Холивуд последен пат ме сметаше за една од водечките, сексуално привлечни дами. Најтешкиот дел за мене беше тоа што самодовербата ја градев на својот физички изглед. Доколку го немав тоа, која бев тогаш јас?“, раскажала актерката.

Инаку, Кетлин во текот на својата кариера се соочила и со ставот дека „жената е сопственост која што треба повеќе да се искористи“, но и со колеги кои што не почитуваат жени, односно кон нив се однесуваат со потсмев.

Тоа што ќе ги израдува фановите на оваа актерка е тоа што таа заедно со својот стар партнер Мајкл Даглас, ќе глуми во нова серија – „The Kominsky Method“.