Во Австралија кутија цигари чини 20 долари

837

Новата цена на кутија цигари во Австралија изнесува од 28 до 33 австралиски долари, односно од 17 до 20 долари, јавуваат австралиските медиуми.

Светската здравствена организација ги повика сите земји во светот да ги зголемат даноците на цигарите, истакнувајќи дека високите цени се најдобар начин за прекинување со пушење кај возрасните, но и кај децата.

Новата цена на цигарите во Австралија веќе стапи на сила, а следната година би требало да се зголеми за 12,5 отсто.