„Скопски времеплов“ нè потсетува на едни поубави времиња: Се сеќавате ли како изгледаше скопскиот Луна парк?

1337

Луна паркот во Скопје беше атракција која забавуваше генерации и генерации на деца и млади, а на неа не можеа да останат рамнодушни ниту скопјани, ниту посетителите од другите градови.

Некогаш ова забавно катче нудеше многу реквизити како панорамско тркало, рингишпил, колички за удирање и вовче кое сообраќаше во зелениот дел од паркот.

Градските власти најавија дека реализацијата за изградба на нов Луна парк продолжува, по прекинот поради Ковид-19. Според податоците, забавниот парк ќе има два адреналински, шест семејни и осумнаесет детски реквизити, разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и други забавно-рекреативни содржини“, пренесува „Нова Македонија“.

Додека го чекаме новиот забавен парк, „Скопски времеплов“ објави видео на Твитер со кое нè потсетува на едни поубави времиња и кое барем за момент ќе нè врати во безгрижните детски денови поминати таму.

„Се има свој почеток и свој крај! Така и нашиот Луна парк кој повеќе го нема. Но видеата и сликите сведочат за како скопјани, но и од другите градови се радуваа на реквизитите во овој забавен парк. Новите генерации не го ни знаат легендарниот Луна парк, стои во описот на видеото.