Оваа нумера била една од најпопуларните на забавите во 90-тите години, а мора да признаеме дека и денес ја слушаме…
Ивана Врдојак, попозната под уметничкото име Вана, ја отпеа песната „Тек је 12 сати“, хит без кој што не можеше да се замисли ниту една забава во текот на 90-тите години и кој што е совршен избор за одјавната шпица на хит серијата „Семејство“ која моментално се прикажува во Србија.
Ивана во тоа време била пратечки вокал на популарната група „E.T.“, но поради тоа што песната која што ја отпеала станала неверојатен хит, станала и нивни постојан член.
По четири албуми кои што ги снимила со музичката група, во 1988 година одлучила кариерата да ја продолжи како соло пејачка.
Во 2001 година ја претставуваше Хрватска на Евровизија со песната „Струне љубави“ која што ја отпеа на англиски јазик и го освои десеттото место со вкупно 42 поени.
Вана и натаму е активна и успешна во светот на музиката. Таа во 2012 година заедно со групата „Неверне бебе“ го пеела нивниот хит „За твоје очи“, а во 2015 година воодушевила на фестивалот „Сунчане скале“ со песната „Пробај“.
Денес Вана многумина ја нарекуваа „хрватска дива“, со што се согласуваат и други пејачи од естрадата.
Во 1998 година Вана се венчала со музичкиот продуцент Андрија Врдојак на кој што му родила две деца.