Убавицата ја извадила шминката во програма во живо – коментарите се повеќе од мачни!

839

Ситуацијата почнала да излегува од контрола, па момчето ѝ го земало телефонот за да не ги чита лошите коментари…

Мора Хигинс (30), ријалити ѕвезда од Ирска, ја извадила шминката во емисијата „Loose Women“ во живо и тогаш почнала да поминува низ вистинска ноќна мора.

Таа го направила тоа за да им даде пример на младите девојки и им покажала дека никој не изгледа совршено. Сакала да испрати порака и да нагласи дека е важно да ја покажете природната страна.

„Моментално се чувствувам како да сум гола. Не ми е пријатно да се појавам на телевизија без шминка, бидејќи се чувствувам посигурно со мејкап. Сепак, ова е важно за помладите генерации. Тие на социјалните мрежи гледаат совршени нешта, но ние имаме тимови кои се грижат за нас, но користиме и филтери“, рекла Мора за време на емитувањето на емисијата.

Иако била многу природна во текот на емисијата, како и по завршувањето, почнала да добива многу лоши коментари, кои негативно влијаат на нејзината самодоверба.

„Не одговарам на нив. Момчето ме прашува зошто ги гледам, зошто читам дека личам на Мајкл Џексон, но тоа е посилно од мене“, вели таа и признава дека момчето Крис Тејлор ѝ го зема телефонот за повеќе да не чита лоши коментари.

Ова не е првпат Мора да се појави без шминка, но никогаш порано не добивала толку лоши коментари. Исто така, таа ги повикала сите жени да се фотографираат природни, без шминка и филтери.