ДЕВОЈКА ОД МАКЕДОНИЈА ПРИМЕНА ВО БОЛНИЦА СО ТРОМБОТИЧНА РЕАКЦИЈА ПОСЛЕ ПРИМЕНА „АСТРАЗЕНЕКА“ ВАКЦИНА

896

Дваесет и осум годишна девојка се лекува во болница поради тромботична реакција после примена вакцина против ковид-19 во Србија, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Девојката ја примила вакцината на „АстраЗенека“ и реакцијата се јавила после 6-7 дена од вакцинирањето.

Денеска во земјава почнува масовната вакцинација со оваа вакацина, за лица над 77 години во 12 градови во земјава.

„Следејќи ги примерите на  Канада и Германија, и ние ќе бидеме претпазливи со оваа вакцина, и одлучивме да не ја даваме на лица под 60 години. Ќе чекаме дефинтивна потврда од Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе одиме полека. Денеска ќе имаме состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови. Иако се ретки овие тромботични реакции, мораме да бидеме многу претпазливи“, кажа Филипче.