САД и удри шамар на Бугарија околу правата на Македонците, Каракачанов ги нарече “Никаквеци”

691
Стејт Департментот во годишниот за Бугарија извештај реагира на долгогодишното негирање и нерегистрирање на здруженијата на Македонците во Бугарија. А Вицепремиерот на Бугарија, Каракачанов ги нарече Американците-НИКАКВЕЦИ!

Во годишниот извештај на Стејт Департментот за Бугарија меѓу другите забелешки најдоа сериозна забелешка заради нерегистрирањето на здруженијата на Македонците во Бугарија, нотирајќи ги вкупно 11те одлуки на Европскиот суд за човекови права кои воопшто не се извршуваат во Бугарија уште од 2006 год. Измислените обвинувања на Бугарија за наводни немање на права и малтретирања на македонски Бугари кај нас, доби комплетен нова насока, свртувајќи ги неоснованите обвинувања како бумеранг од страна на најголемиот сојузник на Македонија, САД.
Покрај сериозната загриженост на Европскиот парламент за јавно искажаните територијални претензии на Ангел Џамбаски, и барањето да реагира и Премиерот Бојко Борисов и истото видео да биде осудено од негова страна, Бугарите како да немаа време да се соземат од европското „кроше“ , па денес стигна и политички „аперкат“ во вид на извештај за нашиот сосед , од страна на најмоќната светска сила, САД, „удар“ кој ја погоди официјална Софија точно во „брадата“.

На извештајот на Стејт Департментот на САД, реагираше Вице Премиерот на Бугарија – сопартиецот на Џамбаски, неговиот лидер – Красимир Каракачанов.
Човекот кој е и Министер за одбрана им се обрати на САД со следнава реченица:
„Да ги прашам тие никаквеци во американскиот Стејт департмент, каде видоа тие македонско малцинство?“

Следува делот во извештајот на Стејт Департментот во кој се нотираат проблемите на Македонците во Бугарија кои немаат право за здружување ниту признавање:

Слобода на здружување

Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација-Илинден, Друштво на угнетени Македонци, жртви на комунистички терор и Клуб на македонска етничка толеранција во Бугарија, и покрај пресудата од мај и повеќе од 10 претходни одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права дека негирањата ја нарушиле слободата на здружување на групите. На 1 октомври, Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура изрази во привремена резолуција „длабока загриженост“ во врска со „формалистичката примена на законските барања“ на властите упорно аплицирајќи за да се одбие регистрацијата на Обединетата македонска организација – Илинден и слични здруженија од 2006 година. Во ноември 2019 година, јавниот обвинител постапи по жалбата на лидерот на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) и министер за одбрана Красимир Каракачанов за обидите на две здруженија, Цивилното здружение за заштита на основните индивидуални човекови права и античките Македонци, за создавање македонско малцинство . Главниот обвинител поднесе барање до судот за распуштање на здруженијата, обвинувајќи ги за политичка агенда што го загрозува единството и безбедноста на нацијата.

Целиот извештај за Бугарија на Стејт Департментот на овој линк