(ВИДЕО) СЛАВАТ ФУДБАЛЕРИТЕ ВО СОБЛЕКУВАЛНА: ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА

1632

Игор Ангеловски ја предводеше песната во соблекувалната на Макеоднија, по големата победа над Германија.

Популарната „Излези момче…“ се пееше на цел глас од сите членови на македонската репрезентација.

Трумфот во Дуизбург е најголем подвиг во историјата на македонската селекција, која првпат се соочуваше со селекцијата на Германија. Во период на сериозни недоразбирања на релација репрезентација-федерација, оваа група на момци и селекторот Ангеловски уште еднаш потврди како се бранат боите на националната селекција.