Проговорила сопругата на уапсениот италијански офицер: Мојот сопруг шпионираше од очај, на Русите им даваше минимално

800

Според пишувањето на медиумите, италијанскиот офицер за секој предаден документ добивал меѓу 3.000 и 5.000 евра.

Италијанските медиуми објавуваат детали од шпионската афера откако во средата, на дело при предавање на тајни документи и коверти со пари, биле откриени италијански морнарички офицер и руски државјанин кој работи во амбасадата на таа земја.

Италијанскиот офицер Валтер Биот е во притвор за шпионажа и му се закануваат 15 години затвор, а двајцата работници од руската амбасада, со оглед на тоа дека уживаат дипломатски имунитет, не можело да бидат уапсени, но биле протерани.

Весникот “Fanpage” ги пренесува зборовите на уапсениот офицер, која тврди дека нејзиниот сопруг тоа го правел од очај, бидејќи не можел да ги поднесе големите трошоци од кредитите, издржувањето на четири деца и четири домашни животни.

“Ништо не трошевме на луксуз, само на основни животни потрепштини, на прво место, за децата”, тврди сопругата Клаудија Карбонара. Според нејзините зборови, нејзиниот сопруг “не е глупав, не продал важни информации, не сакал да ја загрози државата, а на Русите им давал минимално”.

Според пишувањето на медиумите, италијанскиот офицер за секој предаден документ добивал меѓу 3.000 и 5.000 евра.

Некои медиуми иронично забележуваат дека ја продал државата за еден скутер.

Уапсен бил на дело, кратко по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој ја посетил Европа за да го засили Атлантскиот сојуз.